Утринава во Лидл Лесковац  е снимена нова тажна ситуација кога муштериите, главно пензионери, се тепале  за свинска плешка од 400 динари на распродажба, па дури почнале да се удираат со чадори, пишува сајтот Решетка.

– Работата е што не само што беше евтин, туку беше ограничен на само три килограми. Оваа слика е тажна и покажува колку всушност „добро“ живееме – коментира читателка на Решетка, која е и автор на ова видео.

 

 

Во второто видео, покрај генералниот грабеж за евтино месо, може да се видат и сцени како се борат меѓу себе со чадори.

 

 

Пред само неколку дена во белградски Лидл дојде до судир на повозрасни граѓани поради распродажба на ќебапи.