Трајановски вели дека властите наместо да реновираат или одржуваат улици, тие го менуваат името, што според него е најлесната работа. Додава дека во Чаир веќе скоро и да нема македонска улица.

Советникот во Град Скопје вели дека една од главните проблематики со промената на имињата на улиците во општини како Чаир, Шуто Оризари, Бутел е поставувањето на имиња на улици наместо тие урбанистички да се средат. Тој исто така вели дека имињата на улиците се сменети и албаназирани.

– Во Чаир, поточно Топанско Поле, останува само една главна улица, тоа е улицата Лазо Трповски, уште некои 800 метри од неа, носи македонско име. Сите други имиња се сменети и албанизирани, вели Трајановски.

Тој зборува околу улицата со ново име Исмаил Камили.

– Јас не гледам логика ние да именуваме улици по бивши министри и државници од соседни земји, особено од држава која во својот главен град нема ниту едно име на македонски државник, без разлика дали е од македонска или албанска националност.

Новинарот Златев и Трајановски зборуваат и околу новите имиња на Град Скопје. Повеќе може да погледнете од видеото во продолжение.