Уапсен е НАСИЛНИКОТ од Радовиш кој во „лајв видео“ ја тепал својата жена. Вознемирувачко видео кружи на социјалните мрежи од лице од Радовиш кое ја тепа својата сопруга, а сето тоа е пренесувано во живо на „Тик-ток“.

Погледнете го видеото кој нашиот медиум го објави вчеравечер.

Видеото ги вознемири корисниците на социјалните мрежи во земјава, кои упатија апели насилникот да биде веднаш приведен. На снимката жената не се гледа, но се слуша нејзиниот глас, а се тврди и дека таа е бремена.

На снимката се гледа како насилникот постојано ја пцуе и тепа жената за која се тврди дека е бремена.

(ВИДЕО) Семејно насилство во живо: Маж на ТикТок безмилосно тепа бремена жена во Радовиш – Потреба за итна акција

Според информациите од полицијата, постапено е и лицето веќе е приведено во полициска станица по споделувањето на снимката.

На социјалните мрежи се шират и други видеа од истиот насилник кој ја малтретира бремената жена, против истиот веќе има активен судски спор бидејќи претходно малтретирал и друга жена.

Мажот е од Радовиш.

Се очекува СВР Струмица да излезе со сите детали во текот на утрешниот ден.

Извор: Вечер