Кај музејот на вода нуркачите од Нуркачкиот центар АМФОРА од Охрид на атрактивен и за нив препознатлив начин по трет пат под вода го запалија традиционалниот василичарски оган со кој ја најавија Стара нова година.

На богатата трпеза беа испечените колбаси и квалитетно македонско вино.

Со ова нуркачите од АМФОРА на православните христијани им ја честитаат Стара нова година и Василица како и престојните празници Богојавленије Водици и Св. Јован крстител -денот на рибарите.