Големи колони возила се формирани вечерва на граничните премини Богородица и Табановце, откако голем број граѓани по продолжениот празничен викенд тргнаа назад кон Македонија.

Според видео доставено до редакцијата на „24 часа“ од граничниот премин Богородица, за влез во земјава се чека нешто повеќе од два часа. На преминот има голем број автомобили со македонски регистарски ознаки, а најголемиот дел од патниците се враќаат од летувалиштата и плажите во Грција.

Зголемена фреквенција има и на граничниот премин Табановце, каде што за влез во Македонија од Србија се чека околу еден час. Голем број македонски граѓани продолжениот викенд го поминаа во Белград и во околните места, меѓу другото и поради одржаниот УФЦ спектакл.

Се очекува засилениот сообраќај да продолжи и во следните часови, бидејќи граѓаните се враќаат дома пред почетокот на новата работна недела. На возачите им се препорачува да бидат трпеливи, да возат внимателно и да предвидат дополнително време за патување.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 24 часа 🇲🇰 (@24chasa.mk)