Воена парада „Силата на единството 2025“ во Белград
Пред Палатата на Србија денеска се одржа големата воена парада „Силата на единството 2025“ со учество на повеќе од 10.000 припадници на српските вооружени сили. Претставени беа 2.500 оружја и воена опрема, 70 авиони, 600 борбени возила и околу 20 пловила.
Вучиќ ја поздрави парадата
Настанот го поздрави претседателот и врховен командант на српските вооружени сили, Александар Вучиќ. Парадата започна со почесен артилериски оган од шест топови со десет плотуни и со носење на знамето на Србија, долго 300 метри и тешко 300 килограми, од страна на кадети и ученици од воените училишта. Во рамките на свеченоста се одржа и парада на ешалонски единици од сите родови и служби на војската, а прв пат свечено продефилира и коњаничката единица на Гардата.
🇷🇸Започна голема воена парада во Белград – ново оружје првпат пред јавноста, повеќе од 10.000 учесници pic.twitter.com/VvXSZIMctk
— 24chasa.mk (@24chasamk) September 20, 2025
Паралелно со парадата – студентски протест
Како што јавуваат српските медиуми, истовремено со парадата се одржува и студентски протест. Студентите се обиделе да стигнат до Палатата на Србија со цел да изразат поддршка на „оние кои се на правата линија на одбраната“, но полицијата не им дозволила пристап.