Владата започнува големи проекти. Денеска на прес-конференција премиерот Мицкоски, министерот Николоски и министерот Таравари најавија реконструкција на ЈЗУ Градската општа болница „8-ми Септември“ или популарно наречена „воена болница“. Исто така најавена е и реконструкција односно целосно нова административна зграда на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“.
ГОЛЕМИ ПРОЕКТИ: Владата најави инвестиции од 14,7 милиони евра во здравството и инфраструктурата
Воената болница во Скопје ќе добие нови седум операциони сали, нови лаборатории, адаптирани нови простории во интерес на пациентите.
Проектот за реконструкција и адаптација на болницата опфаќа реконструкција на простор од преку 3000 м2.
Министерот за транспорт и вицепремиер, Александар Николоски објави видео каков ќе биде целосниот проект.