Жител на градот Сапоро, кој годинава треба да биде домаќин на олимпискиот маратон и олимписката трка во брзо одење, прв ја видел мечка на улица во раните утрински часови, пишува Си-Ен-Ен.
Набргу потоа, полицијата на островот Хокаидо напишала на Твитер дека започнала потрагата по мечката.
– Ако забележите мечка, бидете многу внимателни, веднаш напуштете ја областа и јавете се на 110, предупредила полицијата.
На снимките објавени од локалната ХТБ Хокаидо Њуз се гледа како мечката трча по улица, преминува низ пат со многу сообраќај и гребе на влезната врата од касарна, по што побегнала.
Полицијата подоцна соопштила дека мечката нападнала тројца мажи, од кои едниот бил тешко повреден, и една жена на околу 80-тите години. Двајца мажи од локален ловечки клуб ја застрелале мечката околу 11 часот во близина на аеродромот Сапоро.