Српскиот претседател Александар Вучиќ прави палачинки за гостите на утрешниот саем за вино. Тој се пофали на социјалните мрежи, каде објави видео.

„Ова е мој обид да се подготвам за пречек на голем број гости од странство за утрешниот саем на вино. Оваа подготовка нема да придонесе за мојата физичка кондиција и изглед, но сигурно сум среќен“, изјави Вучиќ.

Овогодинешниот саем за вино, кој ќе се одржи од 16 до 19 ноември, ќе собере околу 450 посетители од 48 земји во светот – претставници на дистрибутери, увозници, синџири на големо и мало, како и клиенти од секторот HORECA и продажни агенти.

Саемот ќе собере повеќе од 600 излагачи, од кои 310 од земјите членки на Отворен Балкан, 219 од Србија, 66 од Македонија, 25 од Албанија и меѓу 305 и 310 од други земји во регионот и светот, објави Телеграф.

Српските граѓани го пофалија Вучиќ за гестот.