Започна најголемиот карневал во светот во Рио де Жанеиро. Официјално започна вчера вечер со првата парада на Самбадромот. Настанот секоја година привлекува милиони туристи. Училишта за самба настапуваат на шарени платформи, во спектакуларна атмосфера, раскажувајќи свои приказни преку танци и музика.
Градоначалникот на Рио, Едуардо Паес, официјално го отвори настанот, предавајќи ги клучевите од градот на кралот Момо, карневалската маскота.
Карневалите во Рио и во Сао Паоло одложени за април
Првото училиште кое настапи беше Ботафого, кое преку својата претстава ја раскажало својата историја, основано во 1894 година како веслачки клуб.
Оваа година, најдобрите 12 училишта ќе настапат во три дена – недела, понеделник и вторник, што ќе им овозможи на гледачите подолг и подобар карневалски спектакл. Градските власти очекуваат осум милиони посетители и огромен финансиски обрт од една милијарда долари.
Извор: Канал 5