Во Босна и Херцеговина ситуацијата е загрижувачка. Обилните врнежи го загрозија подрачјето на кантонот Уна-Сана, а поради излевањето на водата ситуацијата е отежната во Бихаќ, сообраќајот е во прекин во областа Кулен Вакуф, додека сирените се огласија во Сански Мост и е прогласена состојба на општа опасност, пренесе 360 степени.

Хрватска деновиве ја погодија обилни дождови кои предизвикаа поплави во некои градови. Во Обровац состојбата денеска е нешто подобра, а вицепремиерот и министер за внатрешни работи Давор Божиновиќ вели дека нивото на водата моментално се намалува.

Во Босна и Херцеговина ситуацијата е загрижувачка. Обилните врнежи го загрозија подрачјето на кантонот Уна-Сана, а поради излевањето на водата, ситуацијата е отежната во Бихаќ, сообраќајот е во прекин во областа Кулен Вакуф, додека сирените се огласија во Сански Мост и е прогласена состојба на општа опасност.

Во Обровац за само 24 часа наврнале 250 литри дожд на квадратен метар. Водостојот на реката Зрмања во Обровац вчераутро достигна историско ниво од 302 сантиметри, што е дури 39 сантиметри над највисокиот водостој на оваа река измерен во тој град.

Водата се излеа на улиците и се проби во историското јадро на градот. Тешка е ситуацијата и во Грачац.