Видеото што го покажува мускулестото тело на израелскиот министер за туризам започна да се шири на социјалните мрежи, а насловот под видеото, кој гласи:

-Нешто што заборавија да ни го кажат за новата влада: Јоел Развозов е најзгодниот министер за туризам што некогаш сме го имале, пренесува „Телеграф“.

40-годишниот Развозов е близок соработник на Јаир Лапид, а пред да се реши за политика, тој беше успешен џудист. Тој го претставуваше Израел на европски и светски шампионати, а ги бранеше боите на својата земја дури и на Олимписките игри.

Јоел неодамна влезе во политика, бидејќи мораше да ја заврши својата спортска кариера поради неколку повреди, но сепак е голем љубител на спортот и редовно оди на сурфање.

Видеото, кое започна да се шири на социјалните мрежи, покажува како министерот излегува од вода додека во рацете држи даска за сурфање, а ова видео потсети многумина на познатите сцени од „Чувари на плажата“.

Споменатото видео дури стигна до седницата на владата, каде што новоизбраниот премиер Нафтали Бенет се пошегува на негова сметка, пишува „Тајмс оф Израел“.

-Јоел, престани да ги тераш мажите да се срамат пред своите жени, рече Бенет алудирајќи на снимката.

Ниту Развозов не остана должен, па му одговори на Бенет на сличен начин.

– Јас го правам тоа само за да ги рекламирам израелските плажи – рече министерот за туризам.