Според порталот, миграцијата не е нова појава во земјите од Западниот Балкан, било од политички или од економски причини, па регионот одамна важи за „нето извозник на луѓе“, особено кога станува збор за младите.
Но, во извештајот на Виенскиот инситут се посочува дека додека Албанија, Босна и Херцеговина и Косово бележат висока стапка на иселување на високо квалификувани и образовани работници, во Македонија, Србија и Црна Гора е регистирран прилив на ваков кадар.
Според Институтот, во Македонија, Србија и Црна Гора емиграцијата е најизразена кај лицата на возраст од раните 20-години, односно оние со завршено средно образование, но има тенедниција на враќање во овие три земји на лица со високо образование.
– Авторите на студијата заклучуваат дека „приливот на мозоци“ е резултат на враќање на лицата во своите матични земји по завршувањето на високото образование во странство, додава „Емерџинг Јуроп“.
Институтот посочува дека овие три земји треба да се погрижат добро да го искористат „приливот на мозоци“, со спроведување на политики што ќе овозможат искористување на увезеното знаење од кое вистинска полза ќе имаат домашните економии.