Министерот истакна дека новата варијанта е хибридна варијанта на соевите за првпат идентификувани во Индија и Велика Британија и предупреди дека може многу брзо да се шири во воздухот, пренесува Ројтерс.
-Сè уште не е именувана новата варијанта на вирусот. Министерството за здравство на Виетнам ќе го вклучи новиот вид во глобалната мапа на геномот на коронавирусот, изјави Нгуен Тан Лонг.
Откако успешно под контрола го држеше коронавирусот во поголемиот дел од минатата година, Виетнам сега се бори со епидемија што се шири побрзо.
Речиси 3.600 лица се заразени во 31 од нејзините 63 градови и провинции од крајот на април, што претставува повеќе од половина од вкупните инфекции во земјата.