Епидемиолошката ситуација стивнува, а во текот на викендот одредени одделенија коишто беа адаптирани за прием на ковид-пациенти ќе бидат ослободени, односно ќе се вратат во регуларната рутина, подготвени за прием на пациенти.
-Во однос на епидемиолошката ситуација, во однос на капацитетите на болниците, се бележат трендови на опаѓање на бројот на новодијагностицирани случаи, нешто што е многу значајно. Се намалува бројот на прегледи во сите ковид-центри во сите градови, значајно намален е притисокот за прием на пациенти во болничките установи, има голем број слободни болнички кревети, а ние во рамките на таа прераспределба од денес, односно викендов ќе почнеме и со ослободување на дел од одделенијата коишто беа ангажирани дополнително во овој период да третираат ковид-пациенти, изјави Филипче.
Тој изрази уверување дека овие трендови ќе продолжат, а на почетокот од следната недела ќе стане збор и за типот на рестриктивни мерки што ќе бидат предложени.