Управниот суд го препрати предметот во Апелацискиот суд, кој пак најверојатно ќе го предаде на разгледување до Централната изборна комисија.

ЛСИ жалбата ја поднесе на 20 април, откако ден претходно Комитет ја донесе одлуката со важност до трети мај. Во барањето упатено до судот, ЛСИ одлуката ја оценува како произволна и со „отворено кршење на Уставот“.

Партијата, чија лидерка е Моника Круемади, не е единствен субјект која бара укинување на одлуката.

Итно поништување на одлуката вчера побара народниот правобранител, оценувајќи при тоа дека тоа го спречува остварувањето на уставното право на глас на албанските емигранти во Грција.

-Оваа мерка е дискриминаторски третман кон нив, бидејќи на албанските емигранти кои живеат во други земји им е дозволено да влезат во Албанија, без да бидат ставени во карантин, додека на албанските емигранти во Грција не, наведува омбудсманот.

Овој став го поздрави претседателот Илир Мета, кој во претходната реакција одлуката на Комитетот ја оцени како сериозен неуставен акт за спречување на албанските емигранти да учествуваат на изборите.

Укинување на одлуката, под итно, веднаш по донесувањето на истата, побараа и лидерот на Македонска алијанса за европска интеграција и пратеник во албанскиот Парламент, Васил Стерјовски, како и Македонското друштво „Илинден“-Тирана, кои одлуката ја оценија како избрзана и погрешна, како и други политички партии и здруженијата на емигрантите во Грција.

Парламентарните избори ќе се одржат в недела.