Вилма Русковска повеќе не е обвинител, членовите на Советот на јавни обивнители ја разрешија. Тие ја потврдија одлуката по отворената дисциплинска постапка против поранешната шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.
Одлуката беше донесена едногласно од сите членови.
Предлогот за разрешување дојде откако ексдиректорот на Управата за финансиска полиција поднесе претставката до дисциплинската комисија при Обвинителството, за претресот извршен во неговите канцеларии.
Русковска пак, тврдеше дека е суспендирана со предлог за разрешување бидејќи отворила истрага против Рашковски.