Koсовската претседателка Вјоса Османи вели дека илегалните српски структури ги нападнаа косовската полиција, КФОР и новинарите.

Таа ги нарече банди луѓето кои учестуваа во денешните настани во северно Косово.

„Сите треба да ги осудат овие неприфатливи акти на насилство. Оние кои ги извршуваат наредбите на српскиот претседател Александар Вучиќ за да го дестабилизираат северот на Косово мора да бидат изведени пред лицето на правдата“, рече Османи.

Повеќе од 53 лица имаат различни видови повреди од шок бомби, солзавец и удари, тројца се задржани во болница, а едно лице е во животна опасност и има прострелни рани, изјави Златан Елек, директор на Клиничкиот болнички центар во Косовска Митровица за N1.

Во северно Косово се судрија граѓаните од српска националност со косовската полиција.