Владата вечерва изрази сочусвтво за смртта на кралицата Елизабета Втора.

– Во името на граѓаните и Владата на Република Македонија оддаваме почит и длабоко сочувство до Владата на Обединето Кралство на Велика Британија и Северна Ирска и нејзиниот народ по повод смртта на нејзиното височество Кралицата Елизабета II, соопшти владината прес-служба.

Кралицата Елизабета II, се наведува во изразите на сочувство, беше составен дел од современата историја и сведок на неверојатни општествени пресврти и трансформации во изминативе 70 години. Нејзиното владеење беше сведок и светол факел врз планетарното освестување и транзиција кон демократски системи ширум светот.

– Истовремено во овие трезвени моменти даваме почит и поддршка за нашиот долгогодишен пријател, Кралот Чарлс III, заедно со новата Влада предводена од нејзината екселенција Лиз Трус, со надеж за понатамошна уште поинтензивна соработка помеѓу нашите пријателски народи, стои во пораката на сочувство на Владата.

Кралицата Елизабета Втора почина попладнево на 96-годишна возраст. Таа беше монархот со најдолго владеење во британската историја и најстариот шеф на држава во светот.