За денови на жалост се прогласени денешниот ден, утре и задутре, односно од 23 ноември заклучно со 25 ноември (вторник, среда и четврток), а за време на деновите на жалост знамето на Република Македонија, како и на дипломатските претставништва на земјата во странство, ќе биде истакнато на половина копје.

Се одложуваат сите јавни настани, а медиумите треба да ги прилагодат своите содржини соодветно на прогласената тридневна жалост.

Владата денеска донесе заклучок за препораките на Комисијата за заразни болести за нови мерки за заштита и спречување на ширењето на болеста и за поттикнување на имунизацијата, да донесе одлуки на првата наредна седница.

На денешната седница Владата донесе Одлука за утврдување на статус на стратешки инвестиционен проект на Друштво за производство на електрична енергија „ОСТРО СОЛАР“ – Скопје.

Станува збор за инвестиција за изградба на „Соларен парк Стипион“ вредна 270 милиони евра, кој преку оваа компанија ќе го реализира „Акуо Енерџи Сас Париз“ (Akuo Energy Sas Paris) од Франција, со капацитет за производство на електрична енергија од 350 до 400 мегават часови.