Сѐ уште се работи на терен за утврдување на причините, но во тек е и распрашувањето на преживеаните.

-Повредените се во многу тешка психичка состојба. Единствено што кажуваат е дека сѐ се случило за неколку секунди. Не можам да кажам дали имало експлозија. Сѐ се случило за неколку секунди. На местото на несреќата се испрашани сведоците и очевидците на инцидентот, изјави претставничката на бугарското Јавно обвинителство.

Сител објави дека македонскиот амбасадор во Софија единствено разговарал со српскиот државјанин кој го скршил стаклото и им помогнал на останатите шестмина за да се спасат.