Владата на денешната седница донесе одлука да престане важноста на одлуката за ограничување на извозот на масло од сончоглед, информира владината прес-служба.

Одлуката била донесена врз основа на констатираната состојба дека тековното домашно производство на масло од сончоглед редовно го снабдува домашниот пазар за потребите за широка потрошувачка односно за сервисирање на граѓаните, оти постоечките количини позитивно влијаат на стабилната состојба со овој основен прехранбен производ, како и дека нема потреба да се создаваат вишоци, односно залихи на масло од сончоглед за јадење.