На 64-тата седница, со почеток во 13:00 часот, на предлог на Министерството за образование и наука ќе се разгледуваат Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за наставниците и стручните соработниците во основните и средните училишта и Предлог-законот за учебници и други наставни и дидактички материјали во основно и средно образование.
На предлог на Министерството за економија на седницата ќе се најдат неколку точки на дневен ред, меѓу кои Предлог-законот за изменување на Законот за данокот на добивка и Предлог-законот за изменување на Законот за енергетска ефикасност.
Пред министрите, според дневниот ред на денешната седница ќе се најде и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за управната инспекција, по скратена постапка.
За донесените одлуки и заклучоци од седницата, која ќе се одржи преку видеоконференциска интернет врска, јавноста ќе биде известена преку соопштение веднаш штом ќе биде завршена.