Владата денеска преку видео конференциска врска ќе ја одржи 110-тата тематска седница, на која ќе бидат разгледани информациите за извршени преговори за усогласување на заедничката Изјава за слободен проток на податоци во регионот на Западен Балкан и на заедничката Изјава за интероперабилен Западен Балкан.

Како што информираат од владината прес-служба, двете информации се операционализирање и започнување на заеднички активности и иницијативи на земјите од Западен Балкан кон зајакната регионална соработка за поддршка на дигиталната интеграција, размена на информации на отворен, интероперабилен, безбеден и сигурен начин, со фокус кон слободниот проток на податоци.