Овој предлог нема никаква врска со петочната молитва додава министерот.
– Предлог законот се однесува на 20 илјади административни службеници, а во нив спаѓаат гражани од сите етнички и верски заедници. Не сакам на ова предлог законско решение да му се дава верски или било каков друг предзнак, и секако истото ќе биде ставено и на јавна дискусија. За сега ова е предлог само на министерството.
Премиерот Заев пак денеска во изјава за медиумите посочи дека станува збор за предлог на ДУИ, но дека дополнително ќе се разгледуваат и пеглаат овие предлог измени.
Универзитетскиот професор Ана Павлова Данева пак во краток разговор за ТВ 24 појаснува дека под Административни службеници влегуваат оние 20 илјади кои се под капата на владата односно министерствата, фондовите инспекторатите. Институциите кои им се практично најпотребни на граѓаните.
И додека актуелниот министер за информатичко општество и администрација размислува за скратување на работното време од 4 саати во петоците на оваа категорија административци, неговиот претходник од истата коалициска влада Дамјан Манчевски пак во неколку наврати претходно потенцираше дека административните службеници ќе треба да работат двократно.
Со скратено работно време во петоците работат и ЕУ делегациите, но истото го надоместуваат во текот на останатите денови од работната недела.