Владината коалиција, според премиерот, останува непроменета, а „Вреди“ размислува за обединување

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владината коалиција е сигурна и дека реконструкција на Владата нема да има пред локалните избори. Последните медиумски шпекулации за евентуални промени на министерските позиции тој ги отфрли како неосновани, нагласувајќи дека меѓу ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и коалицијата Вреди владеат одлични односи.

  • „(Дали пред локалните избори ќе има реконструкција на Владата?) Не. (Какви се односите со коалицијата ‘Вреди‘?) Коалициски одлични,“ кусо одговори Мицкоски, демантирајќи ги гласините за министерски промени.

„Вреди“ може да се обедини во една партија, Арбен Таравари сè уште размислува

Се поголеми се изгледите дека коалицијата Вреди би можела заеднички да настапи на локалните избори. Коалицијата може и да се претвори во единствена партија. Вицепремиерот и министер за животна средина, Изет Меџити, вели дека сите членови на блокот се согласиле, освен лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, кој има дилеми.

„Овие денови разговараме сите политички субјекти во рамките на коалицијата да се обединат под ‘ВЛЕН‘, нова политичка партија што ќе ги претстави Албанците на локалните избори. Сите сме усогласени, освен господинот Таравари, кој разгледува можност за соработка со ДУИ,“ изјави Меџити.

Од друга страна, Таравари оценува дека идејата за обединување е добра, но вели дека сè уште нема официјална понуда. Доколку пристигне, Алијансата за Албанците би размислила за таков чекор.

„Ми се допаѓа иницијативата – Самоопределување, движењето на господинот Меџити, Алтернатива и Беса да се обединат. Одлична идеја, но ние немаме добиено конкретна покана. Што се однесува до наводната соработка со ДУИ, можам да потврдам дека немам никакви разговори за заеднички настап на локалните избори,“ рече Таравари.

Филипче: Засега без разговори со ДУИ, се подготвуваме за изборите

По повторниот избор за претседател на СДСМ, Венко Филипче вели дека веќе се размислува за организирање анкети, со цел избор на кандидати за градоначалници и советници по општините. Тој нагласи дека СДСМ не отворил никакви разговори со ДУИ околу заеднички настап на локалните избори.

„Во овој момент барем, не сме разговарале со ДУИ за изборни коалиции. Сега сме насочени кон внатрешни анализи и анкети, за да ги подготвиме најдобрите кандидати,“ изјави Филипч