И покрај глобалните економски предизвици и новите притисоци предизвикани од случувањата на светските пазари на енергенси, Македонија успева да ја одржи ценовната стабилност, истакна на денешната прес конференција Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Според последните податоци на Државниот завод за статистика, годишната инфлација во јуни изнесува 3,4 проценти, а во однос на мај е забележано намалување од 0,5 проценти.
Особено значајно е што инфлацијата кај храната и безалкохолните пијалаци изнесува само 2,5 проценти, а кај облеката и обувките 2,1 процент. Тоа се категориите кои најдиректно влијаат врз животниот стандард на граѓаните и токму затоа овие бројки се најдобар показател дека мерките даваат резултати.
Во исто време, Македонија има најниска инфлација во регионот меѓу земјите кои досега ги објавија податоците за месец јуни.
За споредба:
– Македонија – 3,4%
– Грција – 3,9%
– Хрватска – 4,5%
– Бугарија – 5,6%
– Словенија – 3,6%
– Турција – 32,1%
И податоците од соседните земји кои засега имаат објавено статистика за мај покажуваат дека Македонија останува помеѓу државите со најниска инфлација во регионот.
Дека во многу држави инфлацијата останува сериозен предизвик е јасно, но во Македонија се покажува дека со одговорни политики, навремени мерки и стабилно економско управување може да се заштити животниот стандард на граѓаните.
Фактите и бројките се најсилниот одговор на сите обиди за создавање лажна слика за економската состојба.
Владата ќе продолжи со политики кои обезбедуваат стабилни цени, поддршка за граѓаните и силен економски раст, рече Стојаноски.
