Со одлука на Советот, Општина Карпош го дава на времено користење без надоместок – надземниот премин „Влајко“, на Јавната установа Меѓуопштински центар за социјална работа на Град Скопје.

Предметниот објект претставува покриен и затворен простор кој располага со 16 деловни простории – канцеларии, со вкупна површина од 142 м 2 и четири помошни простории, со вкупна површина од 8м 2 . Во овој случај, корисникот се обврзува да го користи објектот исклучително за вршење на дејностите од нејзина надлежност и согласно намената која е утврдена со оваа Одлука.

Советниците ја поддржаа Одлуката за давање на времено користење без надоместок на затворениот пливачки базен кој се наоѓа во непосредна близина на спортската сала „Наум Наумовски Борче“ – Партизан (во Карпош 4). Имено, базенот се дава на користење на Националната пливачка Федерација на Македонија за период од пет години, без надоместок.

Отука, Националната пливачка Федерација се обврзува, по потреба да инвестира во просторот, редовно да ги подмирува сите трошоци за одржување, како и да ги подмирува режиските трошоци кои произлегуваат од користењето на просторот. Според член 4 одОдлуката, пливачката Федерација е должна да обезбеди и отстапи термини за бесплатно користење на базенот за учениците од прво до петто одделение од општинските основни училишта на територија на општина Карпош.