Утрово владејачката СДСМ преку соопштение се пофали дека стопанството во државата заздравува, а потврда за тоа е и растот на просечната плата.
-Буџетските приходи се повисоки во однос на периодот пред кризата. Растот на вкупните приходи е 4,4% а 5% е растот на даноците и придонесите. Реализацијата на четирите пакети економски мерки изнесува 82% или 860 милиони евра. Во тек е реализација на мерките од петтиот и шестиот пакет кои треба да дадат дополнителен придонес во подобрување на економскиот резултат.Во 2020 година поддржани се над 840 компании со повеќе од 65 милиони евра, а со над 17 милиони евра поддржани се 400 инвестициски компании со директна поддршка. Оваа поддршка како и финансиската помош за исплата на плати придонесоа да се спасат стотици илјади работни места, но и да продолжи растот на платите, соопштија од СДСМ
На ова, реагираа од опозициската ВМРО-ДПМНЕ власта да престане со лагите брифирани од центарот за комуникација на СДСМ бидејќи тие не поминуваат кај граѓаните. Од партијата потенцираат дека реалните економските политики на власта се катастрофални, а доказ за тоа е дека јавниот долг е проектиран да порасне и до над 65% од бруто домашниот производ.
-Центарот за комуникации на СДСМ е одлепен од реалноста како нивниот шеф Зоран Заев. Задоцнетите економски мерки на власта затворија над 6.200 компании. Задоцнетите економски мерки оставија над 60.000 граѓани на улица. Со Владата на Зоран Заев Македонија е најлоша на полето на враќање на довербата во економијата. Владата на Зоран Заев е најнеспособната економска влада во Република Македонија. Очигледно е дека приоритет на Зоран Заев и неговата Влада се тендери, криминал и лично богатење.