Власта ја призна вината, мвр ја препушта на министерството за правда, командирот на кого му избега убиецот важи за близок до Спасовски, се вели во писмената реакција на ВМРО-ДПМНЕ.

-Командирот во чија смена се случило бегството е поранешен полициски службеник, кој бил фатен при земање поткуп, а потоа и избркам од работа. Полициски службеник фатен во криминал, од СДС е назначен за командир во Идризово. Истиот тој Командир при транспорт на лица со зголемен ризик е одговорен да направи проценка и да побара асистенција од МВР. Зошто не е побарана асистенција од МВР? За кого бараат од Идризово полициска асистенција, ако не за криминалци осудени за убиство? Дали намерно не е побарана полициска асистенција? Дали командирот кој е поддржувал на СДС исполнува партиски насоки? Прашаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Ќе се изјасни ли министерството за правда, откако Спасовски им ја препушти вината? Додаваат од опозициската партија.