Високи членови на СДСМ во Владата се лути на поглаварот на Македонската православна црква, архиепископот г.г.Стефан затоа што не сака да го тргне од своите простории знамето со Сонцето од Кутлеш и со тоа го уривал Преспанскиот договор, пишува „Експрес“.

Со тоа поглаварот, според изворите на порталот во Владата, правел сериозни проблеми за премиерот Зоран Заев, кој на Грција ќе треба да ѝ објаснува зошто првиот човек на МПЦ-ОА инсистира во секоја јавна прилика да го промовира сонцето со 16 краци, кое во Македонија е практично забрането со Преспанскиот договор.

Заев пред грчките партнери уверувал дека владата ќе направи напор да го тргне овој симбол дури и од институции и организации за кои нема ингеренции, а велел дека поглаварот Стефан е негов личен пријател кој може да биде убеден да не го покажува знамето од Кутлеш.