Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска ја прими Граѓанската иницијативата за распишување на задолжителен референдум на државно ниво, за престанок на важењето на Законот за ратификација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија и на истата достави одговор до овластениот предлагач, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пишува а1 он.

Во одговорот на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери до овластениот предлагач Христијан Мицкоски се вели дека доставената граѓанска иницијатива не е прашање по кое може да се распише референдум на државно ниво.