ВЛЕН: Дали Артан Груби ќе му го зададе фаталниот удар на Ахмети и ДУИ?

Од политичката коалиција ВЛЕН изнесуваат остри критики на сметка на владеењето на Демократска унија за интеграција, оценувајќи дека „црната кутија“ на нивното управување конечно почнува да се отвора.

Според нивните изјави, Артан Груби бил учесник во, како што тврдат, спорни политички и економски процеси во рамките на партијата.

„Црната кутија за владеењето на ДУИ конечно се предаде. Артан Груби е учесник и извршител на сите матни зделки на ДУИ. Затоа, Мала Речица се тресе од страв за тоа што не знаат за што се е подготвен да прозбори Артан. Откако катастрофално изгуби ДУИ на локалните избори и паднаа во вода сите лажни ветувања на Ахмети за предвремени избори и наводен влез во Влада, на Артан не му останува ништо друго освен да се соочи со сопствените гревови. Но кој се ќе оди курбан заедно со него допрва ќе видиме“, велат од ВЛЕБ.