– Доколку Филипче продолжи да бега и не ја објавува листата на вакцинирани само ќе се потврдат тезите објавени во медиумите дека одредени владини функционери се вакцинирани преку ред, истакна на денешната изјава за медиуми, Миле Лефков, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој прашува кого штити Филипче со тоа што ја крие листата на вакцинирани.
– Кого крие Филипче? Дали постојат уште случаи како тој со вакцинацијата на секретарот на болницата во Струга, па Филипче ги крие или пак вакцинирани се високи владини функционери или нивни фамилии? Што е спорно, ако е испочитувана процедурата да се објави списокот на вакцинирани? Дали Филипче крие некого кој се вакцинирал и кого, прашува Лефков.
Пратеникот посочува дека со секој поминат ден без да ги објави податоците Филипче фрла сомнеж дека има вакцинација преку ред.
– ВМРО-ДПМНЕ бара веднаш Филипче да ги обелодени вакцинираните. Народот има право да знае. Со молчењето Филипче само за кратко ја штити својата фотеља, но ја загрозува цела Македонија. Одговори веднаш, додаде тој.