Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека секојдневните предавства од криминалната власт на СДСМ и ДУИ треба да престанат.
-Константните притисоците од власта на Ковачевски кон пратениците на ВМРО-ДПМНЕ нема да поминат. Јасно му е тоа и на Ковачевски, па затоа на секаков начин се обидува да се задржи на премиерската фотелја што може подолго. За да престанат притисоците од страна на власта кон пратениците, СДСМ и Ковачевски имаат избор и понуда од страна на претседателот Христијан Мицкоски. Доколку Ковачевски и СДСМ се сигурни дека имаат 80 пратеници, веднаш по враќање на пратениците во Собранието да ги стават уставните измени на дневен ред на првата собраниска седница. Но, ако на таа седница не поминат уставните измени за вметнување на Бугарите во Уставот, наредниот ден, да се распушти Собранието и да се оди на предвремени парламентарни избори. Ако од власта се сигурни дека она што го прават е исправно еве им избор, или слугување на Бугарија и промена на Уставот или предвремени избори, се вели во соопштението на партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека ова е чесна и фер понуда, а на потег е Ковачевски.
-На националните предавства треба да им се стави крај. Секојдневните изјави од страна на бугарските политичари само го потврдува она за кое го говоревме, дека секој ден ќе пристигнуваат нови и нови услови и барања од страна на Бугарија кон оваа сервилна власт на чело со Ковачевски. ВМРО-ДПМНЕ е за европеизација, а не асимилација и бугаризација. Европеизација на Македонија да, но не под бугарски диктат. И за заштита на националните интереси пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата цврсто ќе опстојат на овој став, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.