Советите на „експертот“ за време на ковид кризата се неприфатливи

Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, партијата остро реагира на коментарите на лидерот на СДСМ Филипче. Според партијата, тој „нема кредибилитет да дели совети како треба да се постапи“.

– Експертот за кризи, хирургот на Заев, човекот кој во време на ковид кризата, наместо набавка на ракавици, каљачи, маски и така натаму, договараше провизии за вакцини, нема кредибилитет да дели совети како треба да се постапи – се наведува во соопштението.

Венко живее во свој свет

Партијата тврди дека Филипче е „во некој свој свет“ каде што е само тој со Заев, Башановиќ и уште неколку лица, и дека никој не му кажува дека Владата денес си ја врши својата работа без „помпезни најави во јавноста“.

– Изгледа Венко живее во некој свој свет, во којшто е само тој со Заев, Башановиќ и уште двајца-тројца, па нема кој да му каже дека Владата си ја врши својата работа без тоа да биде помпезно најавувано во јавноста, како во нивно време – се додава во реакцијата.

Не бараме совети од „експерт за крадење“

Од ВМРО-ДПМНЕ потенцираат дека мерките кои Филипче ги предлага, делумно веќе биле споменати како можни за намалување на штетата од кризата. Партијата јасно истакнува:

– Филипче и СДС нека не се грижат, не одиме по нивните стапки. Совети од експерт за крадење во време на кризи, не бараме.