Овие лица плаќале цел живот даноци и здравствено осигурување, за сега во ситуација кога им се загрозени здравјето и животите, да мораат да одат во странство да се вакцинираат и да трошат дополнителни средства за таа цел, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Филипче и Заев ги оставија граѓаните на цедило, без вакцини тогаш кога најмногу требаше. Затоа смртноста во Македонија од КОВИД 19 е огромна и кој знае колку животи ќе се спасеа ако масовната вакцинација почнеше во јануари или февруари.

Сега власта ако има барем грам доблест ќе прифати одговорност и ќе го поддржи предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за рефундирање на средствата на граѓаните кои поради немањето вакцини во Македонија се вакцинираа во странство. Тоа е најмалку што власта може да стори да ја исправи оваа неправда кон оние кои со вакцинирањето во соседството го заштитија своето здравје, здравјето на најблиските и придонесоа за јавното здравје, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.