Од партијата додаваат дека на светската мапа на починати Македонија се искачи на високо трето место по смртност.

-Или има 3.366 починати на милион жители. Пред Македонија се Перу и Босна и Херцеговина. На мапата на смртност во Европа, Македонија е втора. Бројката на починати од корона во Македонија е 7.019 или тоа е повеќе од бројот на жители на 10 градови. Колку за илустрација Демир Хисар има 2.593 жители, Демир Капија има 3.275, Пехчево има 3.237, Македонски Брод има 3.740, во оваа група се и Валандово, Македонска Каменица, Крушево, Богданци , Кратово. И после сето ова Министерството за здравство се уште го води Венко Филипче, кој очигледно сака повеќе да глуми политичар, отколку да работи за тоа што е платен од граѓаните, се наведува во соопштението на партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Филипче убил повеќе од 7 илјади граѓани, убил два помали града од Македонија!

-Филипче со својата неспособност од мапата на Македонија избриша два града колку Македонски Брод, наведуваат во соопштението од партијата.