Најголемите две политички партии, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со меѓусебни обвинувања по наодите за инцидентот вчеравечер во локал во центарот на Скопје. Се огласи и министерот од ВМРО-ДПМНЕ кој го осуди насилството. Известен е и јавен обвинител. Од СДСМ пребргу заборавија како се однесуваше обезбедувањето на Зоран Заев.
СДСМ со обвинувања до ВМРО-ДПМНЕ
Од СДСМ со обвинувања до ВМРО-ДПМНЕ дека партијата „го покажува вистинското насилничко и криминално лице“. Нивниот портпарол преку прес-конференција вели дека секој напад на полицијата или полицајци е напад врз државата. ж
Каевски побара одговори и од министерот Панче Тошковски кој е кадар предложен од ВМРО-ДПМНЕ. Каевски се обрати и до претседателот на партијата Христијан Мицкоски, а и побара одговори дека, како што вели, овој скандал отвора многу дилеми за улогата на Мицкоски и „ВМРО-МВРО“.
ВМРО-ДПМНЕ вели дека лицето нема да има никакви работни ангажмани со претседателот на партијата
ВМРО-ДПМНЕ потсетува каква е реалноста додека СДСМ е на власт. Тука спаѓаат криминалците кои слободно се шетаат низ градот, мафијашките ликвидации, криминалците да добиваат македонски пасоши, додека граѓаните не можат слободно да извадат документи.
Јавноста можеше да види дека МВР/СДС е претворена во институција која миже пред криминалот, која дозволува корупцијата вртоглаво да расте и овозможува подземјето да царува со државата. Наместо како сервис на граѓаните, тие дозволуваат нарко бандите слободно да си го шират бизнисот, да се пресметуваат среде бел ден во центарот на градот, да се случуваат мафијашки ликвидации во локали, најголеми белосветски криминалци да добиваат македонски пасоши, а во исто време своите граѓани да не можат лична исправа да си извадат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ смета дека СДСМ селективно обвинува. Тие се децидни дека лицето понатаму нема да има никакви ангажмани со лидерот на партијата, ВМРО-ДПМНЕ.
Од она што ни е познато станува збор за лична нетрпеливост меѓу двајцата полициски службеници. По ваквиот настан, истото ќе биде отстрането од обезбедувањето и нема да има никакви работни ангажмани поврзани со Претседателот на партијата. Бараме органите, без задршка да ги преземат сите потребни мерки за расветлување на настанот и најостро да казнат секaков вид на насилство, постапувајќи во согласност со законот, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од оваа партија поентираат дека „ВМРО-ДПМНЕ ги казнува сите кои огрешиле без разлика од која партија се“.
ВМРО-ДПМНЕ: Лицето кое вчера нападна полицаец не е шеф на обезбедувањето на Христијан Мицкоски
Тошковски го осуди насилството, известен е и јавен обвинител
Што се однесува пак до техничкиот министер, Панче Тошковски тој најави дека случајот детално ќе биде испитан, а дека одговорните ќе сносат одговорност. Тој најстрого го осуди насилството, а додаде и дека е известен јавен обвинител.
Да се потсетиме: Обезбедувањето на Заев напаѓаше лица во струмички дискотеки без причина
Од СДСМ пребргу забораваат како се однесуваше нивното обезбедување. 2016 година и не е така далеку кога обезбедувањето на Зоран Заев тепаше деца пред дискотека во Струмица. Тогашниот министер Оливер Спасовски го криеше настанот, додека пак адвокатот на Заев се закануваше по медиуми со тужби.
Тогаш обезбедувањето на Заев, претепал 10 лица пред дискотеката Платинум во Струмица. Од нив две момчиња и едно девојче завршија со тешки повреди, откако без причина и повод биле нападните. Повеќе за овој настан може да прочитате ОВДЕ.