Градоначалниците од СДС немаат проекти, само матни зделки како продажбата на земјиште спроти Нова Македонија по 7 евра за м2.

Ова земјиште е продадено за само 7 евра по м2, кога цените на таква локација одат и до 2000 евра. Општината е оштетена.

Од друга страна градоначалниците на СДС можат да се пофалат и со хотелски инвестиции на нивните партиски претпоставени, како градоначалникот на Берово со Богоев.

Семејството на Стефан Богоев преку неговата мајка има ексклузивно земјиште со маркица за градба на хотел на самото Беровско езеро.

Останатите општини каде СДС е власт се слика на овие две. Нема проекти, само матни зделки. Затоа и нема отчет за сработеното.