Покрај ниската оценка за растот во 2023 година од 2,0% и во 2024 година од 3,1%, како и прогнозата за задржување на висока инфлација од 7,9% во 2023 година, во Европската економска прогноза издадена вчера од Европската комисија во делот за Македонија стои: „Во 2023 година се проектирани 70% повеќе капитални расходи во споредба со реализираните од 2022 година, иако имплементацијата веројатно ќе остане делумна“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Во продолжение во делот за ризици стои дека „…изгледите за раст би можеле да бидат попречени доколку амбициозната инвестициска агенда на Владата се соочи со значителни пречки поради постојаните недостатоци во управувањето со јавните инвестиции“. Ова јасно укажува дека ниту Европската комисија нема доверба во капацитетот на оваа Влада за инвестиции и висoка реализација на капиталните расходи. Европската комисија со ова исто укажува на континуираната неспособноста на оваа Влада во управувањето со јавните инвестиции. Па што ќе се смени оваа година? Зар некој верува на пиарот на Владата за изградба на коридорите 8 и 10Д? – се наведува во партиското соопштение.