Со СДС и ДУИ секојдневно тоне се, а цената дури и на последните денови од нивното владеење е висока, чини животи, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

На 6 февруари прва вест во медиумите беше заминување на Леонид Индов во Австрија. Се сликаа, се фалеа, директор на медицинска установа, дополнителниот министер за внатрешни работи дека обезбедиле и ќе имало прв меѓународен лет за медицински транспорт со хеликоптер. Дури рекоа „ова е историски чин и многу е важно да се истакне дека транспортот е бесплатен и му следува на секој осигуреник во Македонија“. Се фалеа рутата на медикоптерот била Скопје – Осиек – Виена, рекоа Индов ќе биде транспортиран до Виена и ќе се лекува во центар за рехабилитација во Виена. Летот на челниците од власта траеше кратко, за две недели стигна веста од ФЗО дека нема средства за лекување на Леонид. Прво, што имаше историско во летот? Второ, како се сликаат и се фалат за транспорт на пациент на кој за две недели му велат е нема да се лекуваш на товар на ФЗО? Овој случај за жал е само уште во низата докази за, во најмала рака кажано, неспособноста на надлежните од власта кои ја држат државата и граѓаните во заложништво седум години, истакнуваат од опозициската партија.

Сега си играат со судбината на Леонид! Порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.