ВМРО-ДПМНЕ има рејтинг од 25,2%, пред СДСМ кој има 8,6%, покажуваат последните анкети направени во мај годинава, а нарачани од ВМРО-ДПМНЕ.
Според анкетите, ДУИ има 8%, Вреди 7%, Левица 6% и ЗНАМ 2,3%.
ВМРО-ДПМНЕ секој месец прават по 3 анкети, 2 теренски и една телефонска. Отсега, бидејќи влегуваат во втората половина од мандатот, од владејачката партија најавуваат дека ќе прават анкети во сите изборни единици посебно.
Извор: Плусинфо
