Инфлацијата во Македонија излезе од контрола заради неспособноста на власта на СДСМ и ДУИ. Рекордна двоцифрена инфлација од 10,5%, како што немало во последните 30 години во државата. Ненавременото справување со кризите, здравствената и енергетската, како и големиот раст на цените, донесе до тоа да Македонија биде рекордер по растење на инфлацијата, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата посочуваат дека сиромаштијата е се поголема, а инфлацијата го изеде животниот стандард на граѓаните.

– Додека цените на основните прехранбени продукти енормно растеше од 10 до 50%, цената на нафтата и електричната енергија се качија до плафон, платите на граѓаните останаа исти. Граѓаните едвај го преживуваат месецот, а владата на СДСМ и ДУИ наместо помош за стопанството и граѓаните единствено мисли на криминални тендери, трошење на парите на граѓаните за непродуктивни работи и луксузирање на владините функционери. Потребни се брзи предвремени парламентарни избори за да се стави крај на погубните политики во економијата на оваа неспособна власт, се вели во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека граѓаните по победата на ВМРО-ДПМНЕ на предвремените избори ќе добијат одговорна власт и посветена влада која ќе работи за заживување и ставање на здрави нозе економијата во државата.