Петре Шилегов не само што е фатен како со Душко Весковски местеле тендер од 300.000 евра за фирма која претходно ги завршила градежните работи, туку и во последните две години нема голем милионски тендер на кој има повеќе од еден, два евентуално три понудувачи, од кои два завршуваат исфрлени.
Таква е ситуацијата со тендеротза „Изградба, реконструкција, одржување на бул. „Никола Карев” – фазна реализација (од влез во касарна „Илинден” до „Момин Поток”) во Скопје. Каде процената вредност на постапката е 163.460.436,92 денари, а вредноста на склучениот договор е 160.764.941,68 денари. Односно постигнатата цена е како да немало воопшто реално јавно наддавање.
Според документите, пријавени биле 5 фирми.Две се веднаш елиминирани, поканети на аукција се три. На вакви аукции во нормални услови цената паѓа неколкукратно, бидејќи фирмите се борат да ја добијат работата, особено во 2020-тата, година на економска криза. Но оваа аукција завршува само со едно наддавање. Само со еден клик на електронска аукција.
Во минатото и насекаде во светот тендерски наддавања завршуваат речеси и со двојно намалување на првично планираната сума, само со Шилегов во последните две години од неговото владеење имаме тендери кои се добиваат на планираната сума.
Се поставува прашањето зошто кога во економска криза се повеќе фирми ставаат клуч на врата, а не смеат да се пријават на тендер? Дали некој од власта кажува кој може, а кој не може да учествува на тендер?
Дали зголемениот профит на фирмите кои ги добиваат тендерите завршуваат во нечиј џеб?
Дали профитот од големите тендери е одговор на прашањето како Шилегов дојсе до имот на блискоисточен монарх?
ЈО да не спие и да отвори истрага. Шилегов е фатен со мноштво докази кои директно сугерираат на можен криминал. Одговорност мора да има.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ