Кадар на СДСМ, поставен од Данела Арсовска го потпиша тендерот во четири очи за набавката на гориво за 118 денари по литар, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Директорот на ЈСП е кадар на СДС. За тоа сведочат и фотографиите на Александар Стојковски во штабот на СДС.
Стојковски е кадар на Ковачевски и Зечевиќ назначен од Арсовска.
Тоа е тајната коалиција СДС – Арсовска. Кадарот на СДС Стојковски го потпиша тендерот од 27 милиони евра.
Токму ваквите матни зделки со СДС и криминогеноста на Арсовска беше една од причините за повлекување на поддршката на ВМРО-ДПМНЕ за Арсовска, велат од ВМРО-ДПМНЕ.