Колку повеќе Артан и дружината си играат фудбал, толку повеќе Македонија е сиромашна, реагира ВМРО-ДПМНЕ по објавата на фотографиите од страна на вицепремиерот Артан Груби, а на кои тој заедно со министрите од ДУИ во Владата, игра фудбал и кошарка во канцеларија.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат: „Ова ДУИ на Артан Груби и крими дружината преставува навреда на интелигенцијата на Албанците и Македонците. Сега знаеме што прават кога не крадат, си играат фудбал, додека Македонците и Албанците, и сите останати се сѐ посиромашни“.

Колку повеќе шутеви на оваа крими дружина, толку повеќе загинати на уличниот асфалт, додава партијата во реакцијата по фотографиите.