ЛДП, ДОМ и ДС се виновни што уште функционира оваа криминална влада на СДСМ, со која раководи ДУИ и Ахмети, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
-Заради клиентелизмот на овие неколку партии за неколку директорски или заменик директорски места со Македонија владее мафија, која зема вакцини од провизии, удира рекет на фирми во РЕК и диктира судски пресуди како што сака. Заради клиентелизмот на ЛДП, ДОМ и ДС Али Ахмети е премиер во сенка, и нема одговорност ниту за пожарот во тетовската болница во која живи изгореа 14 луѓе, ниту за трагедијата со БЕСА транс, ниту за Дурмо Турс, ниту за починатиот човек кој умре во планините во кратовско зошто немаше болничко возило кое ќе биде испратено за него. ЛДП, ДОМ и ДС се виновни зошто во Македонија владее влада заради која сме во врвот на листите по криминал и корупција, истакнуваат од опозициската партија.
ЛДП, ДОМ и ДС ја одржуваат мафијата на власт, за пар директорски места ја заложуваат иднината на целата држава, додаваат од таму.