Молкот на градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, за да одговори дали имал тајни средби со Ковачевски, само потврдува, дека вистинити се сомневањата, дека на таква средба, било барано одземање на ингеренциите на општината, само за да помине бетонизацијата на Карпош кај Алумина, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Тој на лукав и нечесен начин, имал намера да го заобиколи противењето на опозициските советници, на бетонизацијата и планот фирмата на пратеникот на ДУИ и СДС, Исмаил Јахоски, Пуцко Петрол, кај Алумина да направи бизнис со бетонизација вреден над 600 милиони евра. Навистина е манипулативно навраќањето на Јакимовски пред 7 години и барањето на вина, за неговото бетонско здание во тогашниот министер за транспорт и врски Мисајловски. Јакимовски не кажува дека министер не дава согласност, туку овластен архитект, урбанист, а го носи општината, истакнуваат од партијата.
Граѓаните се против тоа Карпош да се бетонизира и тој дел од булеварот Теодосиј Гологанов, дополнително да се претвори во тесно грло, сообраќајот да се отежни и да се наруши квалитетот на живеење на самите жители.
-Ги повикуваме Ковачевски и Јакимовски, да не одат спроти волјата на жителите на општина Карпош, кои недвосмислено се против овој проект за бетонизација“, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.