Нема криза за Владата на Ковачевски и ДУИ кога станува збор за партиски вработувања. СДС сеуште молчи за огласот, со кој се предвидува вработување на нови 100 партиски војници во УЈП и Министерство за финансии, по партиска директива во УЈП, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во соопштението партијата наведува дека во исто време кога инфлацијата е на највисоко ниво во историјата на државата, кога граѓаните не можат крај со крај да врзат, кога нема пари за земјоделците, кога на студентите им се скратени основните потреби, кога пациентите секој ден јавно молат за своите лекови, ќе се зајакнува партиската војска на СДС во администрацијата.

-Еден милион евра годишно, пари на граѓаните од буџетот, вредат овие 100 нови вработувања само во УЈП. Ова е врв на лицемерната политика на владата кон сопствениот народ, кој претходно го лажеше, дека администрацијата била “обемна” и дека таа ќе се намалува. На дезертерот Димитар Ковачевски, бадијала ќе му бидат и овие нови 100 партиски војници, бидејќи од другата страна е народот, кој ќе му пресуди на следните парламентарни избори, кои ќе се случат за брзо време, се наведува во соопштението на партијата.